Emel Öz Gözellik
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Временските непогоди и природни катастрофи во Соединетите Американски Држави (САД) во 2017 година земјата ја чинеле 306 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Американската агенција за океани и атмосфера (NOAA) соопшти дека минатата година трошоците на САД за борба против ураганите, шумските пожари, поплавите и сушите изнесувале 306 милијарди долари.
Се наведува дека само ураганот Харви, кои ја погоди државата Тексас, САД ги чинел 125 милијарди долари.
Во соопштението се наведува и дека шумските пожари во западниот дел на САД земјата ја чинеле околу 18 милијарди долари.
Минатата година во САД е забележана како рекордна година по прашањето на трошците за санирање на штетите предизвикани од природните катастрофи.
Пред тоа, 2005 година беше рекордната година во која се потрошени 215 милијарди долари.