Hakan Çopur
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Заменик претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс, во периодот од 20 до 23 јануари ќе ги посети Египет, Јордан и Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Белата куќа околу турнејата на Пенс на Блискиот Исток, се наведува дека тој на 20 јануари ќе го посети Египет, каде што ќе се состане со претседателот Абдулфетах ел-Сиси. На 21 јануари ќе го посети Јордан, а во рамките на оваа посета ќе се сретне со кралот Абдула.
Пенс на 22 и 23 јануари ќе го посети Израел, каде што ќе оствари средба со претседателот и со премиерот на Израел, Руевен Ривлин и Бенјамин Нетанјаху. Во овие рамки, Пенс ќе има обраќање во израелскиот Парламент (Кнесет), а ќе ги посети и меморијалниот центар „Јад Вашем“ и Sидот на плачот.