Vakkas Doğantekin
10 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со саудискиот принц Мухамед бин Селман во врска со глобалната војна за цената на нафтата, што ја започна Кралството минатиот викенд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Американскиот претседател и саудискиот принц разговараа за глобалните енергетски пазари и други критични регионални и билатерлани прашања“, напиша на Твитер заменик-портпаролот на Белата куќа, Џуд Дир.
Војната за цената на суровата нафта започна од страна на најголемиот светски извозник на нафта, Саудиска Арабија. Таа бележи најголем еднодневен пад од Заливската војна во 1991 година.
Според британскиот „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), „агресивниот потег“ на дефакто владетелот на Кралството, Бин Селман, има за цел да ги казни независните планови за производство на нафта на Русија, без оглед на мапата на ОПЕК.
Трамп разговараше телефонски со саудискиот престолонаследник во период кога во жижа се апсењата извршени во кралското саудиско семејство.
Саудиските власти уапсија тројца членови на кралското семејство, меѓу кои и братот на кралот и поранешниот принц, поради наводен обид за пуч, објави во петокот „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal).
Принцот Ахмед бин Абдулазиз ал Сауд, братот на кралот Селман и поранешниот принц Мухамед бин Најеф бин Абдулазиз ал Сауд, внукот на кралот, се товарат за предавство.