Mustafa Deveci
07 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
ГАЗА
Проектил падна на отворени води кај Појасот Газа, кој е под израелска блокада, при што загинаа тројца палестински рибари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Синдикатот на палестинските рибари, Низар Ајаш, истакна дека на отворени води кај јужната зона на Газа паднал проектил врз рибарски чамец.
Ајаш нагласи дека смртно настрадале тројцата рибари што се наоѓале на чамецот, и дека сè уште не знаат од каде е лансиран проектилот.
Од друга страна, во писменото соопштение на израелската Војска се наведува дека немаат поврзаност со случајот во кој загинаа тројца рибари.
Во соопштението се тврди дека според наодите на израелската Војска, причината за смртта на овие рибари е експлозија настаната во Газа.
Министерствата за здравство, за внатрешни работи и за национална безбедност, кои се наоѓаат во Газа, сè уште не дадоа изјава во врска со случајот.