Nuri Aydın
25 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
ИНДИЈАНАПОЛИС (AA) - Во американскиот град Индијанаполис, во куќа пронајдени се пет безживотни тела, од кои едно ѝ припаѓа на бремена жена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите информираа дека вчера, во 4:00 часот наутро по локално време, по претходна пријава, полициските екипи на Индијанаполис во куќа пронашле пет безживотни тела.
Мeѓу петте жртви, едното тело ѝ припаѓало на бремена жена.
Во полициското соопштение се наведува дека бремената жена е префрлена во болница, но и покрај сите напори, лекарите не успеале да го спасат бебето.
Во полицискиот извештај се вели дека причината за смртта на споменатите лица е ранување од огнено оружје.
Во тек е истрага во врска со настанот. Овој инцидент претставува најголемо масовно убиство во градот во последните 10 години.