Ahmet Gürhan Kartal
26 Март 2021•Ажурирај: 27 Март 2021
ЛОНДОН (АА) - Група муслимани утринава се собраа пред училиште во Западен Јоркшир, Велика Британија, во знак на протест поради во знак на протест поради покажување карикатури на божјиот пратеник Мухамед од страна на наставник за време на час, јавува Агенција Анадолија (АА).
Повеќе од 30 родители и роднини на ученици муслимани протестираа против ваквиот чин во присуство на полицијата пред Граматичката школа „Бетли“.
Во четвртокот, десетици луѓе се собраа пред училиштето, повикувајќи да биде разрешен наставникот вклучен во инцидентот.
Училиштето го суспендираше наставникот кој на 22 март на час по веронаука им покажал на учениците карикатура на пратеникот, за која се верува дека е една од објавените во францускиот магазин „Шарли Ебдо“.
- Извинување од училиштето -
Главниот наставник Гери Кибл се извини за инцидентот, додавајќи дека и наставникот кој ја покажал карикатурата исто така упатил извинување.
„Веднаш ја повлековме наставата за овој дел од курсот и разгледуваме како да одиме напред со поддршка на сите заедници претставени во нашето училиште“, рече тој.
„Важно е децата да учат за верата и верувањата, но тоа мора да се направи на чувствителен начин.“
„Граматичката школа ‘Бетли’ има право да признае дека е несоодветна употребата на такви материјали - универзално сфатени како многу навредливи за муслиманите“, соопшти Муслиманскиот совет на Велика Британија.
„Ние ја пофалуваме брзата и недвосмислена акција преземена од училиштето за решавање на предизвиканата голема вознемиреност“, додаде најголемата британска муслиманска организација.
„Овој случај ја илустрира важноста на блискиот ангажман помеѓу училиштата и родителите во врска со прашањата што не се во рамките на националната наставна програма. Поребни се претходни консултации за сѐ што може да предизвика заедниците да се чувствуваат исклучени или жртви.“
- Секретарот за домување: „Протестот не е во ред“ -
Од друга страна, секретарот за домување, Роберт Џенрик, утринава изјави дека протестот пред училиштето „не бил исправен“ и „не треба наставниците да се чувствуваат заплашени“.
Зборувајќи за „Скај њуз“ (Sky News), Хенрик изјави: „Тоа не е пат по кој сакаме да одиме во оваа земја, затоа силно би ги повикал луѓето загрижени за ова прашање да не го прават тоа.“
Џенрик додаде дека нештата што наставникот сега ги крие се многу вознемирувачки.