Muhammed Bilal Kenasari
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Подготвувајќи се да му ја предаде претседателската фотелја на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Барак Обама одржа проштален говор пред американската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама ја посети касарната „Форт Маер“ во американската сојузна држава Вирџинија. Претседателот Обама беше придружуван од заменик-претседателот Џо Бајден, министерот за одбрана Ештон Картер и началникот на ГШ, генерал Џозеф Данфорд.
Обама во својот говор истакна дека најголема одговорност на војската на САД е да се придобие поддршката и довербата на американскиот народ.
„Без да трепнете заштитете го нашиот народ, но не треба ниту да се доведат во опасност животите на војниците влегувајќи во војна со многу избрзани делувања“, рече претседателот во заминување, Барак Обама.
Пред говорот на американскиот претседател, министерот Картер во име на војската на САД му врачи медал на Обама за неговата служба кон Америка.