Lina Altawell
24 Јуни 2026•Ажурирано: 24 Јуни 2026
Либанските медиуми јавија дека денес одекнале истрели во близина на американската Амбасада во местото Авкар, североисточно од Бејрут. По инцидентот, либанската Армија целосно го прекина сообраќајот на патот што води кон реонот на Амбасадата, пренесува Анадолу.
Првичните информации укажуваат дека пукањето не е поврзано со каква било закана или безбедносен настан кој ја засега Амбасадата, објави либанскиот весник „Ан-Нахар“.
„Ан-Нахар“ наведува дека припадници на либанската Армија отвориле оган кон две лица кои наводно се обиделе да избегаат од контролниот пункт во Авкар, откако одбиле да постапат по наредбите. Армијата потоа ги притворила двете лица.
За сите прашања поврзани со деталите околу инцидентот се надлежни либанските власти, изјави извор од Амбасадата на САД за весникот „Ан-Нахар“.
Повеќе либански медиуми, меѓу кои „Ал Џадид“, „Ал Марказија“, „Акбар ал Јавм“, „Лебанон 24“ и „Лебанон Он“, претходно јавија за пукање во околината на Амбасадата и објавија дека либанската Армија го прекинала сообраќајот на патот што води кон таа област.
Досега не е издадено официјално соопштение од страна на либанските власти.