Ali Cura
09 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин ги покани министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија во Москва во врска со конфликтите во Нагорно Карабах окупиран од Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Кремљ се потсетува дека Путин остварил низа телефонски разговори со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев и со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, и се повикува на запирање на конфликтите во Нагорно Карабах за размена на починатите војници и затворениците.
„Министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија се поканети во Москва на 9 октомври за да разговараат за овие прашања под медијација на рускиот министер за надворешни работи“, се нагласува во соопштението од Кремљ.