Diyar Güldoğan
04 Јануари 2018•Ажурирај: 05 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, по двегодишна пауза, потпиша декрет за повторно воспоставување на редовни летови кон египетскиот главен главен град Каиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Сепак ваквата одлука не се однесува на летовите кон туристичките центри Шарм ел-Шеик и Хургада.
Москва ги запре своите летови кон Каиро откако во октомври 2015 година над Синјанскиот Полустров се урна руски патнички авион со 224 патници, кој летал од туристичкото место Шарм ел-Шеик кон Петерсбург. Руските власти оваа несреќа ја окарактеризираа како терористички напад.
Русија и Египет на 15 декември потпишаа протокол за соработка во врска со безбедноста на цивилното воздухопловство.
Рускиот министер за транспорт, Максим Соколов, минатиот месец изјави дека редовните авионски линии меѓу Каиро и Москва на почетокот од февруари ќе бидат целосно воспоставени.