Ali Cura
13 Ноември 2021•Ажурирај: 14 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека миграциската криза на белоруско-полската граница ја создале западните земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Путин за руската државна телевизија „Росија-1“ говореше за актуелната мигрантска криза на границата меѓу Белорусија и Полска.
Потсетувајќи дека белорускиот претседател Александар Лукашенко и германската канцеларка Ангела Меркел меѓусебно не разговарале за кризата, Путин рече дека Лукашенко и канцеларката Меркел се подготвени да разговараат.
„Се надевам дека тоа ќе се случи во блиска иднина и дека таков директен контакт ќе биде можен меѓу Европската Унија (ЕУ) и водечките земји од ЕУ, барем помеѓу Сојузна Република Германија и Белорусија. Тоа е многу важно бидејќи мигрантите одат кон Германија“, рече Путин.
Тој порача дека не треба да се заборави од каде е произлезена мигрантската криза.
„Дали Белорусија е предводник на овој проблем? Не, тоа се причините што ги создаваат самите западни земји и европските земји. Тие се од политичка, воена и економска природа. Воена природа, бидејќи сите учествуваа во воените операции во Ирак и сега на границата има многу Курди од Ирак. Се бореа во Авганистан 20 години. Сега има многу Авганистанци на границата. Белорусија нема никаква врска со тоа“, порача Путин.
Рускиот претседател рече дека Лукашенко веројатно може да го прекине дотокот на руски гас во Европа и дека со него ќе разговара за тоа.