Dmitri Chirciu,Ali Cura
24 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека навредите упатени кон Божјиот пратеник Мухамед не се уметничка слобода на изразување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин на годишната прес-конференција зборуваше и за уметничката слобода на изразување и изјави дека е потребно и во таа смисла да се има слобода на изразување.
„Оваа слобода кога ја ограничува слободата на друго лице е контрадикторна со целите кои ги развивме. Дали навредите кон Божјиот пратеник Мухамед се слобода на изразување? Мислам дека тоа не е слобода на изразување. Ова е кршење на верските слободи и светите чувства на муслиманите“, смета Путин.