Ruslan Rehimov
29 Јуни 2023•Ажурирај: 01 Јули 2023
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера изјави дека сквернавењето на Куранот во некои земји не се смета за злосторство, но дека во Русија тоа се казнува, пренесува Анадолу.
„Кај нас тоа е кривично дело и по Уставот и по кривичниот закон“, рече Путин.
Путин престојуваше во Дербент, во Република Дагестан, во југозападниот дел на Русија, каде што ја посети историската џамија и се состана со муслиманските претставници од Дагестан.
На рускиот лидер му е подарен примерок на Куран, светата книга на муслиманите, на првиот ден од муслиманскиот празник Курбан бајрам.
„Куранот е свет за муслиманите и треба да биде и за другите. Секогаш ќе се придржуваме до ова правило“, рече Путин заблагодарувајќи се за подарокот.