Emre Gürkan Abay
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
МОСКВА
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изразувајќи загриженост поради случувањата во Карабах, истакна дека имаат одговорности кон Ерменија во рамки на Организацијата на договорот за колективна безбедност, но дека судирите не се случуваат во територијата на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Путин во изјава за руската државна телевизија „Русија 24“ (Rossiya 24) говореше за судирите во азербејџанскиот регион Карабах кои започнаа како резултат на нападите на Ерменија.
Рускиот претседател Путин рече дека случувањата во Карабах се трагедија.
„Многу сме загрижени бидејќи Азербејџан, Ерменија и Нагорно Карабах, и сите народи живеат тука, не ни се непознати. Во Русија живеат околу 2 милиони Азербејџанци, и повеќе од ова живеат Ерменци. Голем број руски граѓани ги продолжуваат нивните пријателски и роднински врски со овие земји. Тоа секако дека е голема трагедија. Луѓето умираат. Има големи загуби и од двете страни“, рече Путин.
Тој изрази надеж дека наскоро ќе се стави крај на судирите, и додаде: „Упатуваме апел што е можно поскоро да се постигне примирје.“
Потсетувајќи дека Ерменија е членка на Организација на договорот за колективна безбедност, Путин изјави: „Имаме одредени одговорности кон Ерменија во рамки на овој договор. Овие судири не се случуваат на територијата на Ерменија. Русија секогаш ги исполнува своите одговорности во рамки на договорот. Постојано сум во контакт со ерменскиот премиер Никола Пашинјан“, нагласи Владимир Путин, претседателот на Русија.