Diyar Güldoğan
21 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на погребот на рускиот амбасадор Андреј Карлов, кој беше убиен во Анкара, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за новинската агенција ТАСС, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека Путин ја одложил својата редовна годишна прес-конференција за да присуствува на погребот на Карлов во Москва.
Карлов ја извршуваше должноста руски амбасадор во Турција, а почина во понеделникот, на 19 декември, откако беше повеќепати застрелан од огнено оружје, додека зборуваше на отворањето на изложба во Анкара.
Во него пукаше 22-годишниот полицаец Мевлут Мерт Алтинташ.
Според зборовите на Песков, Путин ќе ја одржи годишната прес-конференција в петок напладне, по локално време.
Станува збор за традиционална медиумска конференција во времетраење од четири часа, каде што на рускиот претседател ќе му поставуваат прашања новинари од голем број медиумски куќи.