Ali Cura
12 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, ѝ предложи на Јапонија до крајот на годината безусловно да го потпишат мировниот договор, јавува Anadolu Agency (AA)
Путин и јапонскиот премиер, Шинзо Абе, ќе учествуваат на 4. Источен економски форум, кој се одржува во рускиот град Владивосток. Абе за време на обраќањето ги споменуваше преговорите, на што Путин предложи мировен договор.
„Ајде да потпишеме мировен договор. Не сега, но до крајот на годината, без никакви предуслови. Потоа, врз основа на овој мировен договор, како пријатели ќе продолжиме да работиме на решавањето на сите проблеми“, изјави Путин.
Русија и Јапонија по Втората светска војна никогаш официјално не потпишаа мировен договор поради нерешеното прашање за Курилските Острови, кои Советскиот Сојуз во 1949 година ги окупираше, и од нив ги депортираше сите јапонски жители.
Претходно се започнати преговори за потпишувањето на мировниот договор, но поради кризата во Украина се запрени во 2014 година.
Островите со со вулканско потекло и се протегаат од јапонскиот северен остров Хокаидо до Камчатка во Русија. Курилските Острови се состојат од 56 поголеми острови и илјадници помали. Островите моментално се под руска надлежност, но Јапонија смета дека четирите најјужни острови припаѓаат на таа земја.