Muhammed Semiz
06 Ноември 2022•Ажурирај: 07 Ноември 2022
АЛ КУДС / ЕРУСАЛИМ - Радикални Евреи, во придружба на полицијата, извршија упад во комплексот Ал Акса, во окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека еврејски доселеници упаднале во Ал Акса, и дека извеле верски обред.
За муслиманите Ал Акса претставува трето најважно светилиште, а Евреите тврдат дека на тоа место некогаш постоеле два еврејски храма.
Израел го окупираше Источен Ал Кудс, каде што се наоѓа Ал Акса, за време на арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектираше целиот град во 1980 година, а овој потег на Израел никогаш не е признат од меѓународната заедница.
Во согласност со договорот што Израел и Јордан го потпишаа во 1994 година, управувањето со комплексот Ал Акса е во надлежност на Управата за вакуфи Ал Кудс, што делува под закрила на јорданското Министерство за вакуфи и верски прашања.
Меѓутоа, израелските власти го занемаруваат тој договор и од 2003 година, со еднострани потези ангажираат полиција и без одобрување на Управата за вакуфи, воведуваат еврејски групи во комплексот Ал Акса.
Управата за вакуфи ги третира овие упаѓања на еврејските групи и полицијата како илегален упад и кршење на договорот и суверенитетот на муслиманските институции.