Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
06 Ноември 2022•Ажурирај: 07 Ноември 2022
ИДЛИБ (АА) - Најмалку шест цивили загинаа, а 75 се ранети во напад со касетна бомба што го изведоа силите на сирискиот претседател Башар ал Асад врз камп во Идлиб, во кој се сместени присилно раселени лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита (Бели шлемови) информираше дека силите на режимот утрово извршиле бомбардирање на кампот Марам во северниот дел на Идлиб, во кој живеат присилно раселени цивили.
Во нападот се убиени шест цивили, а 75 се ранети.

За време на состанокот во Астана во 2017 година, Туркије, Русија и Иран се договорија за воспоставување на четири „зони на деескалација“ во подрачјата што не се под контрола на режимот на Асад. Меѓутоа, сирискиот режим и терористите поддржани од Иран и Русија, продолжија со напади и зазедоа три четвртини од регионот и тргнаа кон Идлиб.
Иако Туркије постигна дополнителен договор за јакнење на примирјето со Русија во септември 2018 година, нападите се интензивираа во мај 2019 година. Прекинот на огнот главно почна да се одржува откако Туркије и Русија постигнаа нов договор на 5 март 2020 година.
Околу два милиони цивили кои бегаа од нападите, во периодот од 2017 до 2020 година пребегнаа во регионите блиску до турската граница.