Selen Temizer,Burak Karacaoğlu,Levent Tok
19 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
ИДЛИБ/АНКАРА (АА) - Припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад извршија четири воздушни напади во Идлиб, кој е една од зоните без судири. Во нападите загинаа најмалку четиворица цивили, а седуммина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинар на АА во Идлиб дознава дека режимските сили извршиле четири последователни напади на подрачјата Сукејк, Хабит, Хамидије и Тер Ај, во јужниот дел на Идлиб.
Во местото Хабит загинаа четири лица, а седум се ранети.
Сѐ уште не се знае дали имало жртви и во другите напади.
Идлиб во 2015 година падна под контрола на опозицијата, а за време на војната во Сирија беше шеста цел на напади на припадниците на режимот.
Градот во кој живеат околу 2,5 милиони цивили повремено беше цел на напади на режимските сили.
Минатиот петок, со посредство на Турција, Русија и Иран, проласено е примирје во границите на зоните без судир во Идлиб. Русија, Иран и Турција се договорија дека ќе распоредат набљудувачи на рабовите на безбедносните зони во Идлиб.