Ekip
19 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
ПАРИЗ (AA) – Француската полиција евакуира неколку стотици мигранти од импровизираниот камп во шума во близина на Данкерк, пренесува Anadolu Agency (AA).
Властите на регионот Норд денеска потврдија дека евакуацијата е во тек и оти мигрантите се носат во засолништа.
Регионалните медиуми јавуваат дека стотици полицајци ги спроведуваат мигрантите во автобуси. Се додава дека во кампот Гран-Синт, предградие на Данкерк, останаа уште околу 350 мигранти.
Мигрантите кои се обидуваат да преминат преку Ламанш и да стигнат до Велика Британија, живееја во шумската област од април оваа година, кога е направен кампот за престој. Во него престојуваа околу 1.500 мигранти.
Евакуацијата е организирана еден откако градоначалникот на Гран-Синт во Париз се состана со Жерард Колумбо, министер за внатрешни работи на Франција, кој одби да се отвори нов камп.