свет

Речиси 200 лица исчезнаa по превртување на брод во Нигерија

- Бродот што превезувал патници, помеѓу кои имало и жени, трговци и земјоделци, се превртел покрај делот на реката Нигер, Дамбо - Ебучи, во северно-централната држава Нигер, изјавија локалните жители за Анадолу.

Timothy Olanrewaju  | 29.11.2024 - Обновена : 29.11.2024
Речиси 200 лица исчезнаa по превртување на брод во Нигерија

ЛАГОС (АА) - Речиси 200 патници се пријавени за исчезнати денес по превртувањето на брод во Нигерија, соопштија официјални лица и локални жители, јавува Анадолу.

Бродот што превезувал патници, помеѓу кои имало и жени, трговци и земјоделци, се превртел покрај делот на реката Нигер, Дамбо - Ебучи, во северно-централната држава Нигер, изјавија локалните жители за Анадолу.

Ибрахим Муса, жител и трговец, рече дека повеќето од патниците се качиле на бродот за да се симнат во Ебучи.

„Многумина од нив одеа на пазар“, изјави тој за Анадолу.

Портпаролот на Националната управа за внатрешни пловни патишта, Сулејман Макама, изјави дека операцијата за пребарување и спасување е во тек.

„Распоредивме спасувачи на местото на инцидентот“, изјави тој по телефон за Анадолу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.