Ecenur Çolak
19 Мај 2018•Ажурирај: 20 Мај 2018
РИМ (АА) - Голем број Палестинци, Италијанци и Американци протестираа во италијанскиот главен град Рим поради масакрот извршен над Палестинците за време на протестите на границата во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот се одржа пред зградата на Американската амбасада во Рим. Насобраните носеа транспаренти на кои пишуваше: „Слободна Палестина", „Крај за ембаргото во Газа", „Стоп за дискриминација“, „Запрете ја помошта на САД за Израел“.
Полицијата го обезбедуваше собирот на кој се извикуваше: „Сите сме Палестинци“, „Слободна Палестина“, „Бојкотирајте го Израел“.
Поддршка на собирот даде и Карлучи од Комунистичката партија на Италија. Тој ги повика властите на оваа земја да изразат поконкретен став во врска со оваа ситуација.

Израелските безбедносни сили се обидоа да ги задушат протестите што продолжија и во вторникот, користејќи сила и огнено оружје. Израелските војници усмртија најмалку 62 Палестинци, а околу 3.000 беа повредени.
Меѓу осудувањата што доаѓаат од светот, меѓу другото, се вели дека прекумерната сила е неприфатлива во случај на мирни протести какви што Палестинците организираа на 70-годишнината од Накба („Голема катастрофа“), по повод масовниот прогон на овој народ и поради префрлањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот по должината на границата на Газа со Израел во знак на протест поради израелската окупација и преместувањето на Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.