Ramazan Turgut
09 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
РИЈАД (АА) - Државното обвинителство на Саудиска Арабија соопшти дека во рамките на борбата против корупција се приведени 208 лица, од кои седум се пуштени на слобода, јавува Anadolu Agency (AA).
Сауд Ал Моџеб, главниот обвинител, во пишано соопштение порача дека во рамките на истрагата за корупција поради недостаток на докази и без подигање на обвиненија на слобода се пуштени седум лица.
Тој истакна и дека истрагата која траеше претходните три години, покажала дека во таа земја биле проневерени најмалку 100 милијарди долари преку систематска корупција и измама во текот на последните неколку децении, додавајќи дека корупцијата е откриена во голем број на тендери и проекти.
Тој потсети дека вообичаените економски активности не се нарушени со борбата против корупцијата во земјата и дека се замрзнати само приватните тековни сметки во банката но не и корпоративни.
„Компаниите и банките се слободни да продолжат со трансакциите како и до сега“,порача Ал Моџеб.
Потсетуваме, Монетарната агенција на Саудиска Арабија (SAMA) на 7.ноември соопшти дека по налог обвинителствата замрзнале сметки на лица кои се приведени поради обвинение за корупција.
SAMA замрзна приватни банкарски сметки на лица кои претходно се приведени поради обвиненија за корупција.
Саудиска полиција во антикорупциска операција во сабота уапси 11 принцови, четири актуелни министри и повеќе поранешни членови на владата.
Локалните медиуми претходно јавија дека меѓу уапсените е и милијардерот принцот Alwaleed bin Talal и министерот за национална гарда принцот Mitab bin Abdullah.
Само неколку часа пред почетокот на бранот на апсења, со декретот на кралот Салман оформен е Комитетот за борба против корупција на чие чело е првиот престолонаследник Мухамед бин Салман.
Комитетот има ингеренции да води истрага, апси, издава мерки на забрана, блокира имот на осомничените за корупција.
Комитетот најави дека ќе ја обнови и истрагата во врска со поплавите во кои во 2009 година во Џеда загинаа најмалку 100 лица, потоа истрагата за епидемија на корона вирусот од 2012 година.