ekipa
05 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
ПЕКИНГ
Кинеската државна телевизија објави дека најмалку 18 рудари ги загубија животите во рудник за јаглен поради високото ниво на јаглерод моноксид во југозападниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Еден рудар е пронајден жив по вчерашната катастрофа во рудникот Диаошидонг во Чунгкинг“, се вели во извештајот, додавајќи дека спасителите трагаат по уште 5 лица.
Кинеската индустрија за јаглен некогаш беше најсмртоносната во светот, со повеќе од 5.000 смртни случаи на годишно ниво. Безбедноста драстично е подобрена откако кинеската власт пред 15 години започна да врши ремонт во оваа индустрија.