Elena Teslova
13 Јануари 2024•Ажурирај: 16 Јануари 2024
Руското Министерство за одбрана соопшти дека извршило „групно гаѓање“ врз објекти на украинската одбранбена индустрија, пренесува Анадолу.
Во соопштението, Министерството рече дека нападот бил изведен со употреба на „високопрецизно оружје со долг дострел на море и воздух, вклучително и хиперсонични балистички ракети од воздух Кинжал, и на беспилотни летала“ на објектите за производство на гранати, барут и беспилотни летала.
„Целта на нападот е постигната“, се додава во соопштението.
Украина допрва ќе го коментира тврдењето, независна верификација не е можна поради тековната војна.