Ali Cura
18 Јануари 2024•Ажурирај: 21 Јануари 2024
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека руските сили во нападот изведен во Украина убиле најмалку 60 странски платеници, пренесува Анадолу.
Во соопштението се наведува дека руските сили на 16 јануари извеле напад и урнале зграда во Харков во која биле сместени странски платеници кои војувале во редовите на украинската војска.
Руското Министерство наведе дека мнозинството од убиените платеници биле Французи.
„Повеќе од 60 странски борци загинаа, а над 20 се префрлени во медицински установи“, се вели во соопштението од Москва.