Elena Teslova
03 Октомври 2024•Ажурирај: 05 Октомври 2024
МОСКВА (АА) - Во голема победа за руската „специјална воена операција“ во Украина, Министерството за одбрана во Москва потврди дека руските трупи ја презеле целосната контрола врз клучниот источен град Вухледар, пренесува Анадолу.
„Како резултат на одлучните акции на единиците на групата сили Восток (Исток), населбата Вухледар на Доњецката Народна Република е ослободена“, се вели во соопштението на Министерството.
Украина вчера соопшти дека наредила повлекување на своите војници од градот по големата офанзива на руските сили.
Украинската повисока команда го наредила нивното повлекување за „зачувување на персоналот и борбената опрема“, како и за преземање нови позиции во услови на закани од опколување, се вели во соопштението на оперативно-стратешката група Хортица, единица на Украинските копнени сили.