Emre Gürkan Abay,Dmitri Chirciu
23 Јануари 2021•Ажурирај: 24 Јануари 2021
МОСКВА
Илјадници лица во Русија на улиците одржуваат протести со барање да се ослободи приведениот руски опозиционер Алексеј Навални, јавува Агенција Анадолија (АА).
На демонстрациите организирани во повеќе градови во Русија учествуваа илјадници лица, а на демонстрациите во Москва учествуваа над 3.000 лица.
Полицијата одвреме-навреме интервенира врз демонстрантите. Приведени се голем број лица за време на протестите низ земјата.
Од друга страна, видеоснимката насловена „Палата за Путин: Историјата на најголемиот поткуп“, што беше објавена на Јутуб од страна на Навални и неговиот тим, е прегледана околу 70 милиони пати.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, вчера тврдеше дека протестите организирани за поддршка на Навални се илегални и неприфатливи.
Инаку, делегацијата на Регионалниот суд во Химкинскиј претходно донесе одлука за 30-дневен притвор за Навални, кој е опозиционер на Кремљ, односно до 15 февруари.