Ali Cura
27 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
МОСКВА (АА) - Руските власти санкционираа 287 члена на Долниот дом на британскиот Парламент, како одговор на претходно воведените британски санкции кон Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Русија, потсетувајќи дека британската Влада на 11 март стави 386 пратеници во рускиот Парламент на листата на санкции, соопшти дека Русија донесе одлука за санкции за 287 члена на Долниот дом на Парламентот на Велика Британија.
Во соопштението се наведува дека санкционираните британски парламентарци имале многу активна улога во креирањето на антируските санкции и дека тие ја засилуваат „антируската хистерија“.
Москва ги објави имињата на санкционираните британски парламентарци на кои им е забранет влез во Руската Федерација.