Dmitri Chirciu
30 Септември 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
МОСКВА (АА) - Русија им понуди на претставниците на Азербејџан и Ерменија состанок во главниот град Москва, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на руското Министерство за надворешни работи, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, оствари телефонски разговор со азербејџанскиот министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов, и со ерменскиот министер за надворешни работи, Зохраб Мнацаканјан.
Во телефонскиот разговор министрите се осврнале на состојбата во Нагорно Карабах, а руската страна ја изразила својата загриженост за тековните судири меѓу Азербејџан и Ерменија.
За време на разговорот побаран е прекин на огнот и намалување на тензиите, како и избегнување на провокативната и воената реторика. Исто така, истакнато е дека страните треба да го започнат преговарачкиот процес.
Нагласено е дека Русија ќе продолжи со напорите за посредување кон решавање на прашањето за Нагорно-Карабах и дека понудена е средба во Москва на министрите за надворешни работи на трите земји.