Emre Gürkan Abay
14 Март 2022•Ажурирај: 17 Март 2022
МОСКВА (АА) – Доколку Русија не може да го плати надворешниот долг во странска валута поради санкциите, ќе го плати во рубљи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Министерството за финансии на Русија се истакнува дека се воведени одредени привремени правила во однос на плаќањето на странскиот долг во странска валута.
Исто така се посочува дека ќе бидат дадени потребните инструкции до соодветните банки за плаќањето на долгот во странска валута.
„Реализацијата на овие плаќања ќе зависи од ограничувањата на девизните сметки на Централната банка на Русија и Владата поради воведените санкции“, се нагласува во соопштението.
Се додава дека доколку странските банки не плаќаат во странска валута, руското Министерство за финансии долгот ќе го плати во рубљи.