Davit Kachkachishvili
14 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
МОСКВА (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Вершинин, истакна дека одлуките за санкции од Западот не можат да го променат курсот на Москва, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите во руските медиуми, Вершинин дал оценка за санкциите што западните земји ги применуваат кон Русија во врска со руско-украинската војна.
„Москва нема да бара од САД и Европа да ги укинат санкциите, притисокот на Западот нема да го промени курсот на Москва“, истакна Вершинин додавајќи: „Овие санкции не се наша одлука.“
Истакнувајќи дека САД и нивните партнери со воведување санкции кон нивната земја се обидуваат да ја доведат руската економија и рускиот народ во тешка ситуација, Вершинин рече: „Санкциите што ни се наметнати како алатка за притисок, како прво се нелегитимни, а како второ тие се бескорисни.“