İdris Sülün
14 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Земјотрес со јачина од 6,7 степени се случи на отворени води кај Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за геолошки истражувања на Соединетите Американски Држави (САД).
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил 167 километри западно од градот Париаман.
Според соопштеното, земјотресот со јачина од 6,7 степени е регистриран на длабочина од 21,8 километри.
Досега во земјотресот не се евидентирани жртви и не е издадено предупредување за цунами.