свет

Русија прогласи федерална вонредна состојба во Белгородската Област која граничи со Курск

Инвазијата започна ноќта меѓу 5 и 6 август, кога украинските војници влегоа во руската област Курск во близина на градот Суџа

Elena Teslova  | 15.08.2024 - Обновена : 17.08.2024
Русија прогласи федерална вонредна состојба во Белгородската Област која граничи со Курск

МОСКВА (АА) - Руските власти денес прогласија федерална вонредна состојба и во Белгородската Област поради борбите со украинските војници во соседниот регион Курск, јавува Анадолу.

Одлуката ја соопшти рускиот министер за вонредни состојби, Александар Куренков, на владиниот состанок во Москва.

„Предлагам вонредната состојба во Белгородската Област да се смени во федерална вонредна состојба и да се воспостави федерално ниво на одговор“, рече тој.

Претходно, руските власти прогласија состојба на антитерористичка операција во областите Белгород, Брјанск и Курск.

Инвазијата започна ноќта меѓу 5 и 6 август, кога украинските војници влегоа во руската област Курск во близина на градот Суџа.

На 12 август, Зеленски потврди дека упадот бил украинска воена операција, иако не даде детали за нејзините цели.

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди упадот, нарекувајќи го „терористички напад“.

Независната проверка на тврдењата од двете страни е тешка поради тековната војна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.