Dmıtrı Chırcıu
30 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
МОСКВА
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакнувајќи дека судирите во Либија треба да запрат рече: „Запирањето на судирите е основен услов за започнување на политички дијалог“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лавров, по средбата со иранскиот министер за надворешни работи, Џевад Зариф, во главниот град Москва одржа прес-конференција во која се осврна на кризата во Либија.
Наведувајќи дека конфликтите во Либија треба да бидат запрени, Лавров нагласи: „Запирањето на судирите е основен услов за започнување на политички дијалог. Запирањето на судирите, обезбедувањето постојан прекин на огнот и започнувањето на дијалогот е во интерес на либискиот народ. Страните во Либија треба да ги земат предвид сите политички и етнички групи во Либија.“
Тој, истакнувајќи дека не е добра идеја Либија да се прогласи за зона за забрането летање, нагласи: „Ако се прогласи таква забранета зона, не сме сигурни дека НАТО ќе ги почитува тие правила.“