Dmitri Chirciu
10 Јуни 2022•Ажурирај: 11 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана, изјави дека воените авиони од типот „Су-25“ и „Миг-29“ на украинската војска биле соборени од руски системи за противвоздушна одбрана, известува Агенција Анадолија (АА).
Информирајќи за дејствијата на руската војска во војната со Украина, која трае повеќе од три месеци, Конашенков соопшти дека авијациската опрема на Украинските вооружени сили на воениот аеродром во Днепар била уништена со ракети со висока прецизност лансирани од воздух.
„Уништени се капацитети за поправка на оружје и воена опрема во регионот Харков. Покрај тоа, со ракети со висока прецизност лансирани од воздух, погодени се 2 штаба, 27 региони со војници и воена опрема, 5 позиции за артилериско гранатирање, 2 батерии на повеќецевни ракетни фрлачи, 5 магацини за муниција“, рече Конашенков.
Истакнувајќи дека руските воздухопловни борбено-тактички единици нападнале 46 воени области, Конашенков информира дека во овие напади биле уништени „150 украински националистички сили, 6 тенка, 4 парчиња на артилериска опрема и 2 повеќецевни ракетни фрлачи „Град““.
„Со руските системи за противвоздушна одбрана во последните 24 часа соборен е авион од типот „Су-25“ на украинското воено воздухопловство во регионот Харков и борбен авион од типот „Миг-29“ во регионот Днепар. Покрај тоа, уништени се и 5 беспилотни летала“, сопшти Конашенков.
Информирајќи дека руските артилериски единици погодиле 62 штаба на украинската војска, 138 артилериски позиции, 303 региони во кои се наоѓале 303 украински војници и воена опрема, Конашенко продолжи со зборовите:
„Во овие напади беа погодени 350 украински националисти, 7 објекти за воена опрема, 2 повеќецевни ракетни фрлачи „Град“, 5 парчиња ракетна и артилериска опрема, 16 специјални возила и 11 магацини со муниција и гориво.“
Конашенков соопшти дека руската војска до денеска уништила 195 авиони, 130 хеликоптери, 1.168 беспилотни летала и 336 ракетни системи за воздушна одбрана, како и 3.484 тенка и оклопни возила, 499 повеќецевни ракетни фрлачи, 1.843 хаубици и минофрлачи и 3.528 специјални воени возила на украинската војска и додаде дека руската војска ги исчистила мините во населените места Свјатогирск, Јарова, Студенок и Соснове, кои се под нејзина контрола.