Ali Cura
30 Април 2022•Ажурирај: 02 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, изјави дека од почетокот на војната во Украина се уништени 142 авиони, 112 хеликоптери и 2.656 тенкови и оклопни возила на украинската Војска, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во текот на ноќта од воздух погодивме пет украински воени цели со високопрецизни проектили. Меѓу нив имаше четири складишта за муниција и гориво во населените места Берзовоје, Воздвишенка, Покровскоје и Барвенково, како и место на собирање на националистичките трупи и военотехничките возила“, рече Конашенков.
Наведе дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле и 18 украински воени беспилотни летала над населбите Горловка, Червониј Оскол, Петманово, Краматорск, Козинка, Карповка, Путилино, Новоахтирка, Безликиј Лиман и Перемога.
„До денес уништивме 142 авиони, 112 хеликоптери, 658 беспилотни летала, 279 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 2.656 тенкови и оклопни возила, 307 повеќецевни ракетни фрлачи, 1.189 хаубици и минофрлачи, 2.492 украински специјални воени возила“, додаде Конашенков.