Burç Eruygur
29 Јули 2024•Ажурирај: 30 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија денес соопшти дека освоила уште едно населено место во источната украинска Доњецка Област, пренесува Анадолу.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили ја презеле контролата врз селото Вовче, кое се наоѓа околу 30 километри источно од градот Покровск, клучен фронт во руско-украинската војна.
Вовче е сместено околу 1,6 километри југозападно од селото Прохрес, за кое Русија, исто така, рече дека го освоила во соопштение еден ден претходно.
Се наведува и дека руските сили ја подобриле својата „тактичка позиција“ во областа.
Претходно денес, украинскиот Генералштаб соопшти дека одбил 52 руски напади во правец на Покровск во изминатите 24 часа, опишувајќи ја ситуацијата во областа како „најжешка“.
Но, украинските власти оттогаш не ги коментираа тврдењата на Русија во врска со Вовче, а независната проверка на тврдењата на Москва е тешка поради тековните воени дејства.