свет

Русија тврди дека ја презела контролата врз село во украинската област Харков

- Руското министерството за одбрана објави дека нивните сили го зазеле селото Крухљакивка, околу 21 километар јужно од градот Купијанск, главен фронт во офанзивата на Москва во Харков.

Burç Eruygur  | 30.10.2024 - Обновена : 30.10.2024
Русија тврди дека ја презела контролата врз село во украинската област Харков

ИСТАНБУЛ (АА) - Русија денес потврди дека ја презела контролата врз населба во североисточниот украински регион Харков, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството за одбрана се вели дека нивните сили го зазеле селото Крухљакивка, околу 21 километар јужно од градот Купијанск, главен фронт во офанзивата на Москва во Харков.

И селото и Купијанск, од кои вториот служи како важен железнички јазол во регионот, се наоѓаат на реката Оскил, притока на реката Донец што се влева во реката Дон, четврта по големина во Европа.

Украинските власти сè уште не го коментираа тврдењето на Русија, а независната проверка на тврдењето е тешка поради тековната војна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın