Emre Gürkan Abay
21 Мај 2022•Ажурирај: 22 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Руската енергетска компанија Газпром ја запре испораката на природниот гас на Финска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Газпром информираат дека финската енергетска компанија Гасум не ја извршила потребната уплата во рубљи за испорака на рускиот гас.
Потсетуваат дека од 1 април рускиот гас требало да се плаќа во рубљи и наведуваат дека денес во потполност ја запреле испораката на природниот гас за Гасум и Финска, бидејќи не е извршено наведеното плаќање.
Газпром минатата година испорача околу 70 отсто од природниот гас што Финска го потроши.
Кон крајот на април, руски Газпром ја запре испораката на гас во Полска и Бугарија, истакнувајќи дека испораката ќе биде запрена сè додека двете земји не го платат енергенсот во рубљи.
Откако започна војната меѓу Русија и Украина, се зголеми загриженоста за снабдување со енергенси во Европа. Според експертите, Москва ги користи енергенсите како политичко оружје за да може да манипулира со земјите увознички.