Ekipa
24 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
ТАЛИН (АА) - Амбасадорот на Москва во Естонија беше повикан на консултации во Министерството за надворешни работи откако руски воен авион повторно накратко го наруши воздушниот простор на балтичката членка на НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Естонската армија денеска соопшти дека руски борбен авион „Сукои Су-34“ синоќа поминал помалку од една минута во естонскиот воздушен простор, во близина на островот Ваиндло во Балтичкото Море.
Во соопштението се вели дека транспондерот на авионот бил исклучен, дека не бил направен план за летот и дека пилотот не ја одржал радиоврската со естонските официјални претставници за воздушна навигација.
Ваиндло се наоѓа во близина на коридорот каде што руските авиони летаат од областа на Санкт Петербург до Калининград, руска енклава на Балтичкото Море, меѓу Полска и Литванија.
Естонската армија изјави дека инцидентот бил второ нарушување на воздушниот простор на Естонија од страна на руски борбен авион оваа година.