Ali Cura
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека воен авион Su-27 паднал во Црното Море, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на Министерството се наведува дека воен авион Su-27 исчезнал од радарот во текот на планиран лет, околу 20:00 часот по локално време, на 50 километри од Крим над Црното Море.
Откако исчезнал од радарот стигнал повик за помош. Во подрачјето испратени се хеликоптери, авиони и бродови кои учествуваат во акцијата за пребарување и спасување.
„Според првичните информации, авионот паднал во морето. Потрагата по пилотот е отежната поради лошите временски услови“, беше соопштено од руското Министерство за одбрана.