Ali Cura
07 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, Игор Конашенков, соопшти дека во близина на железничката станица Богодухов во украинскиот регион Харков, уништено е големо количество оружје што во Украина е доставено од САД и од европските земји, известува Агенција Анадолија (АА).
Напоменувајќи дека руската Војска ја продолжува офанзивата во Украина, Конашенков рече дека со високопрецизни проектили од воздух се погодени 5 подрачја на кои биле насобрани воени единици, технички возила и магацини за муниција во близина на населбата Бахмут во Доњецк.
Конашенков, истакнувајќи дека руските воздухопловно-тактички единици во текот на ноќта погодиле 18 украински воени објекти, додаде дека се уништени 2 командни центри во подрачјето на Харков и 3 магацини за муниција и гориво во подрачјето на Одеса.
„Големо количество воено-техничко оружје доставено од САД и од европските земји уништено е во близина на железничката станица Богодухов во регионот на Харков“, рече Конашенков.
Тој тврди дека во тие напади загинале 280 украински војници и се уништени 48 воено-технички возила.
Наведе дека руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле 13 украински беспилотни летала во подрачјето на Харков, Херсон, Доњецк и Николаев.
„Досега руските сили уништија 152 авиони на украинските сили, 112 хеликоптери, 762 беспилотни летала, 295 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 2.895 тенкови и оклопни возила, 333 повеќецевни ракетни системи, 1.364 хаубици и минофрлачи и 2.716 специјални возила“, рече Конашенков.