Selçuk Acar
02 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во американската сојузна држава Калифорнија, од минатата година е легално лицата болни од неизлечиви болести да си го одземат животот со употреба на препарати што ќе ги препишат лекарите, а до денес правото на смрт сакаа да искористат најмалку 504 лица во оваа сојузна држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Невладината организација „Compassion & Choices“ (Сочувство и избор) објави истражување во кое е наведен бројот на жителите на Калифорнија кои во последната година сакале да си го одземат животот. Утврдено е дека најмалку 504 лица барале да им бидат препишани препарати.
Со оглед на тоа што во Калифорнија не се објавени официјални податоци за овој број, се претпоставува дека бројот на лицата што сакале да си го одземат животот во оваа држава е уште поголем.
Орегон е првата сојузна земја во која е легализирана еутаназијата, а тоа се случи во 1997 година. Во оваа држава, минатата година 204 лица сакале да добијат „смртоносни препарати“, меѓу кои 133 си го одзеле животот. Поголемиот дел од нив биле болни од рак, на возраст над 65 години.
Освен Орегон и Калифорнија, во Колорадо, Монтана, Вермонт и во Вашингтон е дозволено болните со неизлечиви болести да побараат поддршка од докторот за одземање на животот.
Околу 498 здравствени организации и 104 болници на подрачјето на Калифорнија одговараат позитивно на ваквите барања, а 80 отсто од осигурувачките куќи ги сносат трошоците за овие лекови.