Betül Yürük
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 1.200 лица, со што вкупната бројка на починати порасна на 111. 408, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на интернет страницата "Worldometer", на која се достапни податоци за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека во САД во изминатиот ден е потврдено заразување кај уште 41.927 лица и вкупната бројка на заразени изнесува 1.967.273.
Бројката на заразени е двојно поголема на дневно ниво, во однос на ден претходно. Имено, ден претходно во 24 часа се регистирани околу 21.000 новозаболени, а денес 41.000.
Епицентарот на коронавирусот во САД, иако со помал интензитет се уште е Њујорк, каде се заразени повеќе од 396.000 лица, од кои 30.372 починаа.
Во САД од почеток на пандемијата се тестирани повеќе од 20 милиони примероци.