Associated Press
01 Април 2024•Ажурирај: 03 Април 2024
НЕШВИЛ (АА) - Еден маж е убиен, а пет лица се ранети вчера попладне при пукање во ресторан во Нешвил, американската сојузна држава Тенеси, соопшти полицијата, јавува Анадолу.
Пукотницата започнала неколку минути по доаѓањето на осомничениот маж во ресторан со жена, соопшти полицијата.
Осомничениот и мажот што починал започнале расправија што „значително ескалирала за неколку моменти“, изјави портпаролот на полицијата на Метрополитен Нешвил, Дон Арон.
Подоцна полицијата го идентификуваше починатиот маж како 33-годишниот Ален Бичем.
Полицијата го идентификуваше 46-годишниот осомничен и автомобилот со кој избегал од местото на настанот.
Во тек е потрага по осомничениот.
Полицискиот командант Ентони Меклејн информираше дека за време на пукањето во ресторанот настанала паника, а присутните се обиделе да избегаат.
„Во неделата инспекторите беа во локалните болници и разговараа со жртвите за да утврдат што точно се случило“, рече портпаролот Арон.