Övünç Kutlu
04 Февруари 2022•Ажурирај: 08 Февруари 2022
АНКАРА
Американската економија отвори 467.000 работни места во јануари, повеќе од пазарните проценки, но стапката на невработеност порасна на 4 проценти, објави денеска Министерството за труд на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Се проценуваше дека бројката на работни места, без областа на земјоделството, ќе се зголеми за 150.000.
Стапката на невработеност во јануари порасна за 0,1 на 4 отсто, а се предвидуваше дека ќе остане иста.
Бројот на невработени лица во САД се искачи на 6,5 милиони во јануари, од 6,3 милиони забележани еден месец претходно.
Поради пандемијата со коронавирусот, повеќе од 22 милиони луѓе во најголемата светска економија останаа без работа во март и април 2020 година.