Islam Doğru
02 Мај 2021•Ажурирај: 04 Мај 2021
ЊУАРК (АА) - Муслиманките кои носат марама во градот Њуарк, во американската држава Њу Џерси, од сега ќе можат да работат и како полицајки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На муслиманките кои работат во полиција повеќе нема да им биде забрането да носат хиџаб како дел од полициската униформа.
Шефот за јавна безбедност на Њуарк, Брајан О’Хара, на прес-конференција истакна дека ги почитуваат сите религии.
„Оваа одлука ќе ни помогне и визуелно да ѝ покажеме на јавноста дека ги почитуваме верските чувства и религиите на сите луѓе“, рече О’Хара.
Градоначалникот Рас Барака потсети дека полицискиот оддел на Њуарк е прв во државата што им дозволил на муслиманите и на Сиките да пуштаат брада во согласност со нивните верувања.
Одлуката со која им се одобрува на покриените муслиманки да работат како полициски службеници во градот е донесена на барање на муслиманка која работи во полицијата во Њуарк.