Ayşe Doğru
01 Февруари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Минатата година во Соединетите Американски Држави (САД) е забележан пораст од 339 отсто на насилствата од омраза врз Азијците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „Ен-би-си“, повикувајќи се на извештај на Центарот за проучување на омраза и екстремизам, насилствата од омраза извршени низ САД се зголемиле за 11 отсто минатата година во однос на годината претходно, додека насилствата од омраза кон Азијците се зголемиле за 339 отсто во споредба со 2020 година.
Најмногу вакви случаи се забележани во Лос Анџелес, Њујорк и Сан Франциско.
Низ САД е забележан пораст од 124 отсто на насилствата од омраза кон Азијците во 2020 година во споредба со 2019 година.
Извештајот покажа дека Афроамериканците се најмногу изложени на насилства од омраза низ целата земја.
Како една од најголемите причини за зголемување на насилствата од омраза кон Азијците се смета пандемијата на коронавирусот, што се прошири од Кина во целиот свет.