Ekrem Biçeroğlu
30 Јануари 2023•Ажурирај: 31 Јануари 2023
КУДС (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) негираа вмешаност во напад со беспилотно летало во текот на ноќта врз воен објект во Иран, јавуват израелските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранското Министерство за одбрана соопшти дека неколку беспилотни летала имале за цел воен комплекс во центарот на Исфахан доцна во саботата, но дека немало жртви или голема материјална штета.
„Вашингтон немаше никаква улога во нападот во Исфахан“, израелскиот државен телевизиски канал КАН цитираше неименуван американски функционер.
Имаше голем број саботажни напади врз воени објекти и нуклеарни постројки во Иран во последните години, при што Техеран најмногу го обвинува својот регионален противник Израел.
Израелските власти не излегоа со коментар во врска со последниот напад.
Иранското Министерство за одбрана соопшти дека системите за противвоздушна одбрана во комплексот во Исфахан пресретнале едно од беспилотните летала, а други две биле фатени во одбранбените стапици и експлодирале.
„Во нападот не е погодена нашата опрема и мисија“, додаде Министерството.